Министерот Кучи се сретна со претседателот на УО на ЕВН Македонија

Скопје, 26 мај 2016 (МИА) - Создавањето услови за имплементирање на промените во енергетскиот сектор во насока на обезбедување на континуиран развој и инвестиции, беше тема на разговор на денешната средба меѓу министерот за економија Дритон Кучи и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер.

На средбата, иноформираат од Кабинетот на Кучи, Петер го информираше министерот за економија за досегашните инвестиции во реконструкција на постојната и изградба на нова дистрибутивна мрежа во насока на подобрување на квалитетот на дистрибуцијата и снабдувањето на потрошувачите, како и забрзување на процедурите за поврзување на енергетскиот систем за компаниите како предуслов за водење на бизнис во земјава. Во овој сегмент направен е голем напредок од стана на ЕВН Македонија, што е нотирано и во извештајот на Дуинг бизнис на Светската банка.

Според министерот Кучи, енергетската политика е еден од клучните сегменти, бидејќи без развој на енергетиката нема ниту развој на реалниот сектор, па оттаму во фокусот на Министерството за економија е создавање на регулатива која ќе креира услови за развој на енергетскиот сектор, особено пред престојните силни структурни реформи во овој сектор, поради што соработката помеѓу Министерството за економија и компаниите е од особено значење.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер посочи дека ЕВН, како важен дел од енергетскиот сектор, продолжува да инвестира во модернизација и подобрување на услугите во сегментот на дистрибуција и снабдување, што претставува еден од главните предусловите за имплементирање на реформите во енергетскиот сектор и поголемо приближување до стандардите на ЕУ.

На средбата стана збор и за досегашната соработка помеѓу ЕВН Македонија и Министерството за економија во рамките на проектот „Платформа за енергетска ефикасност“, во кој двете страни реализираа низа активности во насока на поголема афирмација и примена на енергетската ефикасност.

Согласно препораките на Енергетската заедница Македонија треба да постигне енергетски заштеди од 9 отсто до 2018 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...