Дамјановски: Ќе ја прифатиме иницијативата за изградба на кружен тек

Куманово, 27 мај 2016 (МИА) - Градоначаланикот на општина Куманово Зоран Дамјановски изјави дека е отворен за идеи и дека ќе ја прифати иницијативата за изградба на кружен тек кај крстосницата на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револузија“, но дека претходно е потребно да се донесе идејно решение за оваа крстосница.

Тој тоа го изјави на денешната прес-конференција, која следеше како одговор на обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Дамјановски рече дека и претходно во два наврати се носеле идејни решенија за изградба на кружен тек на оваа крстосница, но не биле понудени адекватни одговори на тој простор да биде изградена сообраќајна студија. Појасни дека за изградба на кружен тек на таа локација би се зафатила поголема површина, вклучително и имот во приватна сопственост. Ако се понуди идејно решение, потенцираше дека ќе биде вметнато во новата развојна програма и ќе биде буџетски поддржано.

Најави  имплементација на новиот ГУП со сообраќајна студија која, како што рече, е во фаза на распишување што ќе биде многу тешко да се направи поради Законот за легализација на бесправно изградени објекти.

- Должни сме да ги запазуваме тие стандарди. Имаме секојдневни проблеми, имаме диво изградени објекти кои чекаме да се легализираат, комплицирано е со узрупација на одреднеи објекти на јавно-прометни површини и додека трае процесот не можат системски да се решат проблемите, рече Дамјановски.

Тој, исто така, информираше дека етпано се работи и на санација и реконструкција на улиците во две зони од градот и најави нивно завршување до крајот на јуни. Што се однесува до изградба на велосипедски патеки, рече Дамјановски, решение за нивна изградба ќе понуди сообраќајната студија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...