ТАП нема да влијае врз планот за руски гасовод до Балканот

Москва, 27 мај 2016 (МИА) - Проектот за Трансјадранскиот гасовод (ТАП) нема да влијае врз плановите на Русија за изградба на гасовод преку дното на Црното Море до Балканот, кој би продолжил до Грција и Италија, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Како што јави ТАСС, Новак нагласи дека ТАП, кој треба да пренесува природен гас од реонот на Каспиското Море и Блискиот Исток, преку Турција, Грција, Албанија и Италија до Западна Европа, ќе биде со капацитет од 10 милијарди кубни метри годишно, што е незначително количество во споредба со европските потреби.   

- На европските потршувачи им е потребен поголем обем на гас и диверзификација на изворите. Од тие причини дури и тој проект да биде реализиран, тоа не ја исклучува неопходноста и можноста за изградба на други гасоводи, за што веќе преговараме со нашите грчки и италијански партнери, истакна Новак.

Тој нагласи дека гасоводот преку Црното Море би доаѓал до Грција преку териториите на Бугарија или Турција.

На 17 мај беше означен стартот на изградбата на ТАП на територијата на Грција, кој ќе биде дел од Јужниот гасен коридор на ЕУ. Овој коридор треба да биде завршен во текот на 2019 или 2020 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...