Трипуновски: Грчка „Секе“ подготвена да откупува македонски тутун

Прилеп, 27 мај 2016 (МИА) - Грчката компанија за преработка на тутун е 10-ти лиценциран откупувач во земјава и е подготвена да откупува тутун од годинашнава реколта, информира Цветан Трипуновски, директор на Државниот земјоделски инспекторат, по денешната средба со сопственикот на „Секе“, Александрос Контос.

 
Трипуновски нагласи дека грчката компанија е многу познат преработувач на тутун, кој купува од Грција и од Бугарија. - Новина е што во Македонија ќе купува, освен ориентален, и крупнолисен тутун „Вирџија“ од Битолско. Компанијата ќе купи милион килограми тутун и има склучено договори со 1 500 кооперанти. Како инспекторат бевме максимално кооперативни, односно министерството и владата, се со цел оваа компанија да влезе на територијата на Македонија и да врши откуп на суров тутун. Тоа ќе значи поголема конкуренција во самиот откуп на тутунот и посигурен пласман на македонските земјоделци во оваа реколта 2016, и се надевам и во наредните 2017, 2018 и во иднина, рече Трипуновски.
Годинашнава реколта тутун, посочи, е како ланската, на 13.000 хектари, и се очекуваат околу 25.000 тони тутун со солиден квалитет.
 
Според Контос, има интерес за македонскиот тутун на светските пазари.

 
- Тука наидовме на добри пријатели и соработници, искусни лица кои ни помогнаа и ни помагаат во остварување на нашите планови за работа. Во вашата држава знаеме колкава е важноста на тој продукт, има голем интерес на светските пазари за тутунот од Македонија, нам тоа ни е познато и имаме голем интерес за купување на тутунот од Македонија, вели Александрос Контос.
 
Грчката компанија „Секе“ во април годинава со локалните власти во Крушево потпиша договорот за земјиште во индустриската зона „Опаленик“ каде ќе гради фабрика за преработка на тутунот. Изградбата, според Контос, ќе почне по добивање дозволи за градба. Инвестицијата, како што рече, е четири милиона евра, а треба да бидат вработени 250 до 300 работници. До изградбата на халите, компанијата изнајми простор во Крушево.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...