Во Охрид состанок на Регионалната стопанска комора посветен на дуалниот метод за средно стручно образование

Охрид, 31 мај 2016 (МИА) – Можностите за воведување т.н. дуален модел на образование во средношколските образовни установи осмислен со цел обезбедување квалификувана работна сила каква им е потребна на компаниите во земјата, беше тема на дискусија на работната средба што во организација на Регионалната стопанска комора и Стопанската комора на Република Македонија денеска се одржа во Охрид.

На средбата беа претставени резултатите од обемното истражување што во таа насока го спроведе Стопанската комора на Македонија, во чии рамки беа опфатени голем број компании  и работодавачи на национално и локално ниво.

Елена Милевска – Штрбевска, оперативен директор на Стопанска комора на Македонија, појасни дека со анализата е утврдено дека голем број компании и фирми се подготвени за реформи во образовниот процес, насочен кон поголема застапеност на практичната настава за учениците во средните стручни училишта, процес што би овозможил вклучување поголем број ученици во процес на стручно оспособување, согласно потребите на компаниите.

- Целта на компаниите што се наши членки е да се обезбеди квалификуван кадар согласно нивните потреби. Истражувањето покажа дека голем број од компаниите имаат потреба од соодветни кадри, и тоа најмногу од електро-машинската струка, од областа на текстилната индустрија, како и од угостителството и туризмот, рече таа.

Претседателот на Регионалната стопанска комора со седиште во Охрид Наташа Јовческа рече дека во најголем дел активностите во насока на обезбедување стручен кадар во регионот се однесува на учениците од областа на туризмот и угостителството, но и од електромашинскиот училишен центар, чии кадри се дефицитарни за постојните индустриски капацитети какви што има во градот.

- Овој дуален метод ќе биде чекор напред кон обезбедување работна сила која ќе одговори на потребите на работодавачите. Стручно оспособени кадри има се помалку, оттаму потребата да им се предочи на учениците на потребата од кадар со квалификувано средно образование, рече Јовческа.

Принципот на дуален метод на образование што го разработува Стопанската комора на Македонија е работен според веќе утврдените методи какви што се применуваат во Германија, Австрија и Швајцарија, каде образовниот процес на квалификувани кадри го уредуваат токму стопанските комори во односните држави. Поентата на воведување дуален модел е учениците дел од образовниот процес да го минуваат во работните средини и преку надзор и едукација од страна на самите работодавачи да се стекнуваат со потребните знаења и вештини, што ќе им обезбедат работни места.

Моментално Министерството за образование, Стопанската комора и Средношколскиот електро-машински училишен центар од Охрид, спроведуваат пилот-проект за практична обука на ученции во некои од компаниите во градот, која предвидува осумчасовно практично оспособување на работна сила што е дефицитарна и за која има потреба од страна на бизнис-секторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...