Политичката криза влијае врз економијата, најмногу на странските инвестиции

Тетово, 31 мај 2016 (МИА) - Министерот за економија Дритон Кучи присуствуваше на денешната дебата „Влијанието на политичката криза на економската состојба во Република Македонија", што во организација на економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

Според министерот Кучи, повеќе или помалку економијата чувствува последици од политичката неизвесност во државата која трае веќе цела година.

- Покрај континуираните политики и мерки за поддршка на стопанството и инвестициите за да се намалат штетите врз  економијата потребно е што поскоро разрешување на политичката криза. Кризата треба да послужи како лекција за сите, а движечка сила на економијата треба да биде бизнис секторот. Тој мора да е вистински партнер со државата  и да остане континуирано вклучен во креирањето на политиките и мерките за економски развој, рече министерот Кучи во своето обраќање пред присутните.

Тој посочи дека според последната проценка на Светска банка за Македонија објавена на почетокот на април предвиден е раст од 3,7 проценти, со напомена дека пролонгираната политичка криза има тенденција да остави економски последици. Од Европската банка за обнова и развој  очекуваат растот да остане над 3 проценти во 2016 и 2017 година и напоменуваат дека освен актуелната политичка криза македонската економија оперира и во контекст на бавен раст во Европа и неизвесности што произлегуваат од глобалната економија.

- Кога сме кај економскиот раст треба да очекуваме негово забавување како последица на севкупните ефекти од политичката криза. НБРМ ја намали проекцијата за раст на БДП од 3.8  на 3.5 проценти (основно сценарио) и 1.6 проценти (песимистичко сценарио) за 2016 година. Според  FinanceThink, доколку извршувањето на јавната потрошувачка продолжи со иста динамика во целата 2016 година како во втората половина од 2015 година, тогаш растот на економијата би изнесувал околу 3.8 проценти. Без надоместувањето што го обезбедува високиот раст на јавната потрошувачка, растот на вкупната економија би изнесувал околу 2.2 проценти во 2016 година, рече Кучи.

Според Кучи во однос на домашните компании нивните активностите и досега биле поврзани со домашните политики и деловното опкружување така што најголема опасност е тоа што во вакви услови тие ги одложуваат и инвестициите поврзани со иновации, креирање на нови производи, модернизација на производството и инвестирање во човечки капитал.

- Сепак и во овие и вакви услови државните економски политики ќе продолжат во насока на поттикнување на економските активности, мерките за вработување, субвенциите во земјоделството, поттикнувањето на градежните активности, туризмот и рударството, а благодарение на нив годинава бележиме раст на вкупната трговија со светот од 4.5 проценти во однос на истиот период минатата година, при што извозот е пораснат за 5.7 проценти, а увозот за 3.7 проценти. Растот на македонскиот извоз овој период е најистакнат во ЕУ од 12.2 процеднти, а увозот од ЕУ во Република Македонија е пораснат за 5.5 проценти. Втор наш партнер се ЦЕФТА земјите, каде што македонскиот извоз е пораснат за 4.3 проценти. Познато е дека ставката на извоз има силно влијание на растот на БДП. Токму на овие параметри се базира иницијалната проекција на раст на бизнис секторот од околу 3,5 отсто, образложена со континуитетот на економски раст на Република Македонија и континуираните капитални инвестиции, кои претставуваат двигател на економијата, изјави Кучи.

Според Кучи  политичката криза има најголемо влијание кај странските инвестиции.

Од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора истакнуваат дека е можно дел од странските компании да ги одложат плановите за инвестирање кај нас, да го пролонгираат доаѓањето и посетите за преговори, да инвестираат во земји со слични макроекономски услови но повисока стабилност.

- Брзото решавање на политичката криза, не само што ќе привлече нови инвестиции туку ќе ги забрза и постојните да ги прошират своите деловни активности. Благодарение на мерките за подобрување на регулаторното опкружување за водење бизнис и стратегијата за привлекување на странските директни инвестиции преку субвенционирање ако минатата година забележавме 30 странски инвестиции во првите пет месеци од оваа година ние веќе имаме половина од минатогодишниот биланс. Но, доколку говориме за вредноста на инвестициите според податоците на НБРМ во првите два месеци од годинава има прилив од 39,5 милиони долари директни инвестици што е 15,1 милион долари помалку во споредба со истиот период лани. Затоа е важно, ситуацијата што побрзо да се реши, бидејќи според инвеститорите, општествената и политичката стабилност и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ се круцијални за стабилноста на бизнисот, а со тоа и економскиот раст на државата, посочи Кучи.

Во дебатата учествуваа и деканот на економскиот факултет на ДУТ Раман Исмаили, претседателот на стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа како и повеќе  професори од економскиот факултет на ДУТ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...