Усвоен Извештајот на Комисијата за жалби по јавни набавки

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 103-та седница го усвои Годишниот извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Комисијата, согласно Законот за јавните набавки, ги сублимира резултатите од извршените контроли на постапките за доделување договори за јавни набавки концесии и јавно приватно партнерство кои ги врши, како што се посочува во Извештајот, исклучиво во случаите кога има изјавено жалба во одредена постапка, а не и по службена должност. 

Во него се вели дека од формирањето на Комисијата значително е намалено времетраењето на постапката за постапување по жалбите и оти тоа, заедно со тенденциите за решавање на сите жалби во законски рок и на квалитетен и транспарентен начин, останува нејзин приоритет.

Расправајќи за Извештајот, пратениците од опозициските партии обвинија дека системот за јавни набавки е нетранспарентен, дека тие се договараат, како и оти комисиите кои треба да ги заштитат правата на граѓаните или економските оператори не го прават тоа. Според нив, законот е менуван 15 до 16 пати, а не добиено решени што ќе поддржува отчетност и конкурентност. Забележаа дека за многу јавни набавки има само по еден понудувач, а за некои и немало понудувачи, што значи дека отсуствува конкурентноста. 

Марјанчо Николов од СДСМ најави дека неговата партија ќе гласа воздржано по овој Извештај. Комисијата и Советот за јавни набавки, според него, не ги дале очекуваните резултати. Процесот на јавни набавки, посочи, е нетранспарентен, а со секоја измена на законските решенија во оваа сфера, смета тој, постојано се уназадува целиот систем на јавни набавки.

За разлика од пратениците од опозициските партии, нивните колеги од владејачките партии сметаат дека овој систем, од периодот кога на власт била сегашната опозиција во 2006 година, досега е целосно унапреден.  Не може да се говори дека со законските измени доаѓа до уназадување на системот, посочија тие, бидејќи се квалитативен и значаен исчекор. 

- Од периодот од 2006 година кога јавните набавки се спроведуваа со три понуди во коверт досега е унапреден целиот систем, рече Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата колешка Лилјана Кузмановска истакна дека постојано се работи на унапредувањето на овој цел систем и оти законските измени произлегуваат од контатираните слабости, но и од забелешките кои ги доставуваат економските оператори односно компаниите кои учествуваат на јавните набавки.

Пратениците дадоа согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година, на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година, како и на Програмата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2016 година.

Претходно, Собранието констатираше престанок на мандат на член на Комисијата за воедначување на казнената политика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...