МЕПСО стана основач на SEE CAO, Координираната аукциска куќа на ЈИЕ

Скопје, 31 мај 2016 (МИА) - Македонскиот електропреносен систем-оператор АД МЕПСО денеска склучи договор и стана основач и содружник во SEE CAO (Координирана аукциска куќа на Југоисточна Европа) - регионална компанија која организира аукции за закуп на прекугранични расположливи далекуводни капацитети наменети за пренос на електрична енергија.

- Со пристапувањето на МЕПСО во SEE CAO дополнително се прави чекор напред со кој ќе се олесни процесот на прекугранична трговија со електрична енергија на регионално ниво. SEE CAO е создадена со цел од еден центар, во име на осум компании систем-оператори во регионот, да организира аукции за закуп на капацитети со што ќе се олесни регионалната трговија на електрична енергија, а се очекува и намалување на трошоците на учесниците на регионалниот пазар на електрична енергија, информираат од МЕПСО.

Со пристапувањето кон SEE CAO, додаваат, се реализира една од обврските преземени со ратификувањето на Договорот за основање на европската енергетска заедница.

- Со потпишување на договорот започнува подготвителен процес во кој треба да се уредат сите правни и технички аспекти за прилагодување на новиот начин на организирање на аукциите. Првата македонска граница на која SEE CAO ќе започне да организира аукции е македонско-грчката граница и се очекува тоа да започне од почетокот на идната година. SEE CAO ќе спроведува годишни, месечни и дневни акции на расположливи преносни капацитети на македонско-грчката граница, потенцираат од МЕПСО. 

SEE CAO е компанија со седиште во Подгорица, Црна Гора, а нејзини оснивачи се електропреносните систем-оператори на: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Турција и Македонија. Договорот во име на МЕПСО го склучија генералниот директор Синиша Спасов и Ненад Јовановски, заменик – генерален директор на МЕПСО кој ќе биде член на Управниот одбор на SEE CAO.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...