Костадиновски:Нови мерки на Владата за откуп на оризовата арпа

Кочани, 26 јуни 2016 (МИА) - Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за уште една субвенција, трета по ред наменета за  оризопроизводителите. Имено оние земјоделци кои имаат пријавено земјоделско земјиште до два хектари ќе добијат по пет денари за предаден килограм оризова арпа кај откупувачите. Земјоделците кои поседуваат од два до 10 хектари ќе добијат по четири денари за килограм  предадена арпа кај откупувачите, додека земјоделците кои поседуваат над 10 хектари земјоделско земјиште на кое одгледуваат ориз ќе добијат по три денари за килограм предадена оризова арпа кај откупувачите.

Ова синоќа на оризопроизводителите од општина Чешиново Облешево им го соопшти заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски.

Оваа мерка, како што појасни, ќе важи од 1 до 31 јули оваа година, при што земјоделците-оризопроизводители најдоцна до 31 август заедно со кантарските белешки и потврдите дека е откупена арпа кај откупувачите ќе можат да  се пријават во Подрачните единици  на Министерството за земјоделство шумарство и водстопанство за да добијат субвенција.

Костадиновски информира  дека според направените анализи од реколтата 2015  се откупени 12 илјади тони ориз од кои количини 3,5 илјади тони стојат се уште во магацините на откупувачите. Во амбарите на оризопроизводителите, истакна Костадиновски се наоѓаат од осум до 10 илјади тони ориз кој чека откуп.

Костадиновски на оризопроизводителите им појасни  дека на стартот на жетвата на оризот мината година,  Владата определила  субвенција од 200 евра по хектар за да подоцна бидејќи не одеше добро откупот определи уште 300 евра по хектари, што значи со двете мерки се определени  вкупно 500 евра по хектар за оризова површина.

Од наредната недела Костадиновски најави одржување на трибини во повеќе населени места во оштините од истокот каде што се одгледува ориз, со единствена цел преку укажувањата на земјоделски стручњаци да се произведуваат квалитетни и доходовни сорти на ориз.

За Драгољуб Гаврилов оризопроизводител од село Чешиново ваквата мерка е очекувана од страна на Владата и во многу ќе придонесе да се намалат залихите од ориз, а на земјоделците ќе им се помогне да ја подобрат својата материјална состојба.

Оризопроизводителот Здравко Арсов од село Облешево ја поздрави оваа трета мерка на Владата укажувајќи притоа благодарност за разбирањето за тешката состојба во која се наоѓаат оризопроизводителите и начинот како да им  се помогне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...