Ристовски:За нови лифтови во студентски домови ќе се инвсетираат околу 15 милиони денари

Скопје, 27 јуни 2016 (МИА) – Во сите државни студентски домови во Република Македонија каде има инсталирано и се користат лифтови тие се менуваат. Осум лифтови ќе бидат заменети со нови за што се инвестираат околу 15 милиони денари. Инвестицијата е во рамки на поширокиот Акциски план на Владата и Министерството за образование и наука за унапредување на инфраструктурните услови во студентските сместувачки капацитети.

Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој го посети Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје каде ќе бидат променети два лифта.

- Ова ќе биде исклучително значајно за сите студенти зошто во минатото се среќававме со проблеми околу функционалноста на лифтовите кои главно беа дотраени. Токму заради тоа како Влада и Министерство донесовме одлука да извршиме комплетна замена на лифтовите во сите студентски домови во Република Македонија, потенцира Ристовски.

Инвестицијата од околу 16 милиони денари ја реализира МОН. Ристовски додаде дека очекува во текот на летото да заврши промената на лифтовите во сите студентски домови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...