Да не се кратат средствата за инфраструктурата

Скопје, 27 јуни 2016 (МИА) - За Стопанската комора на Македонија е важно при ребалансот на буџетот да не се врши непотребно кратење на средствата кои се наменети за инфраструктурни проекти. 

Се надеваат дека плановите на институциите за реализација на овие капитални проекти ќе продолжат и во иднина со зацртаната динамика.

- Она што е важно за бизнис заедницата е што при секој ребаланс на буџетот треба да се има предвид фактот да не се врши непотребно кратење на средствата што се наменети за развој на инфраструктурата, независно дали се работи за патната или железничката инфраструктура. Сите оние планови кои се зацртани од страна на институциите за реализирање на овие капитални проекти треба да продолжат и во иднина затоа што од нив во голема мера зависи и економското делување на компаните во следниот период, изјави Билјана Пеева - Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија.

Во однос на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, од Стопанската комора на Македонија велат дека засега не се очекуваат некакви поместувања во соработката.

-  Засега не може конкретно да се каже какви последици ќе има тоа врз македонското стопанство бидејќи и во рамки на Унијата сеуште не е прецизно јасно како ќе се постапува и како ќе се дефинираат условите за излез на Велика Британија од Унијата. Согласно информациите и консултациите што ги направивме со компаниите коишто соработуваат со Обединетото Кралство, засега не се очекуваат некакви поместувања и назадни трендови во соработката, рече Пеева - Ѓуриќ.  

Велика Британија е втор надворешно-трговски партнер на Македонија. Во првите четири месеци од годинава вкупниот обем на размена изнесува 254 милиони американски долари од кои приближно 20 милиони долари се извоз за Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...