Шокот помина, цените на нафтата почнаа да растат

Њујорк/Лондон, 1 јули 2016 (МИА) - Цените на нафтата на светските берзи пораснаа денеска, откако централните банки на повеќе земји низ светот објавија дека ќе понудат финансиска поддршка по изгласаниот Брегзит.

Ова предизвика оптимизам и во нафтениот пазар, па така американската „лесна“ нафта за испорака во август денеска  во Азија се продаваше за 0,7 отсто поскапо односно за 48,67 долари за барел. Во исто време, северноморската нафта „брент“ во договорот за испорака во септември поскапе за 0,78 отсто на 50,1 долари за барел.

- Се чини дека инвеститорите бараат причини за оптимизам во поглед на опоравувањето по Брегзитот, рече Бернард Оу, аналитичар од компанијата „ИГ Маркетс“.

Познавачите на состојбите на нафтениот пазар сметаат дека минатонеделниот пад на резервите американско „црно злато“ исто така оди во прилог на покачувањето на цените. Но, континуиран раст на цените е можен само во случај ако поизводителите кванитативно го намалат своето производство.

По пазарниот шок предизвикан од резултатот од референдумот за излегување на Обединетото Кралство од ЕУ минатиот четврток, кој предизвика пад на цените на сите берзи, неделава следеше нормализација на состојбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...