Пристаништето во Драч како алтернатива за македонските бизнисмени

Скопје, 1 јули 2016 (МИА) - Пред македонските бизнисмени денеска беа презентирани можностите што ги нуди албанското пристаниште во Драч кое покрај Солунското пристаниште може да се користи за транспорт на стоки.

Презентацијата беше организирана од страна на Стопанската комора на Македонија со цел на бизнисмените да им се понудат и други алтернативи за транспорт на стоки покрај Солунското пристаниште на кое неодамна имаше штрајк, а македонските компании поради тоа претрпеа загуби.

- Целта е во услови кога имавме континуирани блокади, штрајкови и нефункционирање на Солунското пристаниште да се отворат и други можности за компаниите и да им се понудат најновите услови што ги нудат другите пристаништа, рече Билјана Пеева - Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија, додавајќи дека Драч е второто најблиско пристаниште за потребите на македонското стопанство.

Директорот на пристаништето во Драч, Газменд Шалси, кој присуствуваше на презентацијата во Скопје, рече дека нивната цел е да го вратат ова пристаниште како едно од главните во регионот.

-  Пристаништето во Драч географски и економски е доволно добро развоено и има добра положба така што отвора можности да му конкурира на пристаништето во Солун. Имаме три знајачни проекти, односно продлабочување на базенот на пристаништето, поврзување на пристаништето со железница и отворање на т.н. суво пристаниште, истакна Шалси.

Пристаништето во Драч е една од најстарите пристаништа во регионот и најголемо во Албанија. Се наоѓа на долниот дел на брегот на Јадранското Море. Оддалеченоста од главниот град на Албанија е 35 км, а од аеродромот „Мајка Тереза“ е 25 км. Пристанишната Капетанија Драч има четири терминали - терминал за траекти, источен терминал, терминал за контејнери и западен терминал. Пристаништето работи 24 часа цела година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...