Државата ќе интервенира цената на пченицата да не биде под 11 денари

Скопје, 1 јули 2016 (МИА) - По 6.000 денари за хектар или по два денара за килограм дополнителна субвенција ќе добие секој земјоделец што го пријавил производството на пченица.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, ова е една од мерките со кои државата ќе им помогне на производителите да добијат по минимум 11 денари за килограм лебно жито од годинашната реколта со оглед дека мелничарите најавија откупна цена од најмногу осум денари.

Според Цветков, Министерството ќе интервенира и со помош за складирање на пченицата. Тоа, истакна, ќе ги намали количините на пазарот и, последователно, ќе ја зголеми цената.

- Обезбедивме 80 отсто субвенции за складирање 30.000 тони пченица, од кои 15.000 во Прилеп и уште толку во „Жито Вардар“. Земјоделците ќе треба да плаќаат само 12 денари месечно зашто чувањето на лебното жито е 60 денари за тон, информира Цветков.

Тој напомена дека цената на пченицата, како и на секој друг земјоделски производ, ќе ја дефинира пазарот. Сепак, се очекува ниска цени поради големиот прилив од домашно производство и од увоз, главно од Србија. 

- Во секој случај, ќе се обидеме земјоделците да добијат 10 до 11 денари за пченицата, зависно од квалитетот. Ова не е некоја добивка, но е доволно за одржливо производство и за засејување на површините догодина, подвлече министерот.

Одговорајќи на новинарско прашање, Цветков нагласи дека мерката предложена од Министерството да им се исплаќа по еден денар субвенција на мелничарите за секој откупен килограм домнашно жито, е одбиена од страна на Владата како незаконска и неуставна. 

- Мелничарите не се дефинирани во законот како корисници на субвенции, туку се пријавени како откупувачи. Тука се појави проблем зашто, практично, не се категорија што може да се субвенционира. Од тие причини, побаравме измени, но предлогот беше одбиен со образложение дека е неуставен и незаконски. Не можеме да вратиме некоја мерка која е оценета од Владата како незаконска, објасни министерот. 

Нова средба меѓу мелничарите и производителите на пченица е закажана за понеделник во Министерството за земјоделство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...