Груевски: Се инсталираат пет мамографи низ државата вредни 40 милиони денари

Прилеп, 21 јули 2016 (МИА) - Во моментов тече инсталирањето на пет нови мамгорафи ширум Македонија од кои четири се во завршна фаза. Петтиот во Македонска Каменица е во фаза на инсталирање, бидејќи таму течат и градежните работи за подготовка на теренот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Прилеп.

Тој исткана дека претходно беа набавени и вградени шест мамографи во поголемите населени места во Македонија, меѓу кои и во Прилеп.

- За петте нови мамографи се инвестираат околу 40 милиони денари. Мамографите се максимално искористени и спасуваат многу животи затоа што правењето скрининг во рана фаза на појава на канцер кај жените е речиси гаранција дека ќе бидат излечени, рече Груевски.

Доколку скринингот се прави доцна, додаде, за жал голема е веројатноста да заврши со смртни последици.

- Набавката на мамографите не само што значи осовременување на здравствената инфраструктура, туку значи и конкретно и директно спасување на многу животи ако во рана фаза биде откриена болеста преку скрининзите, посочи Груевски.

Тој додаде дека Министерството за здравство веќе има направено програма за скрининзи на сите жени над педесетгодишна возраст кои се повикуваат да направат скрининг, а доброволно скрининг може да направат и младите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...