Нова опрема и вработувања во Прилепската болница

Прилеп, 21 јули 2016 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров  денеска беа во посета на Општата болница во Прилеп, која е  во фаза на реконструкција вредна 70 милиони денари.

- Болницата во Прилеп беше една од најзапуштените во Македонија затоа што од 1980 кога е пуштена во употреба досега не беше направена никаква реконструкција. Затоа беше прилично руинирана запуштена и минатата година направивме план во Владата и најдовме начин како да се дојде до средства за да може да почне реконструкцијата. Во меѓувреме и помогнавме на болницата да и се деблокира сметката која беше блокирана и веќе реконструкцијата е во една длабока фаза, изјави Груевски.

Тој додаде дека станува збор за темелна реконструкција со која комплетно се менува инвентарот, плочките, тоалетите, креветите и другата здравствена опрема.

Нагласи дека реконструкцијата ќе тече дел по дел затоа што болницата истовремено мора да работи и да обезбедува здравствена грижа на жителите од Прилеп и прилепско. Добро е, нагласи, што во болницата се донесе доста нова опрема.

Како што истакна министерот Тодоров, парите за реконструкцијата се обезбедени преку заштедите направени од набавката на инсулин, а се очекува целосната реконструкција да заврши до крајот на годинава.

Во моментов, додаде, се реконструираат две одделенија, паралелно со реконструкцијата е набавена и целосно нова опрема, а во функција е ставен и новиот мамограф.

Директорот на болницата Петар Ристески информира дека моментно имаат 18 доктори кои се пратени на специјализација од кои тројца во Белград. Во септември се планира по пат на кофинансирање да се испратат  уште шест лекари на специјализација. Со новите предвидени 350 вработувања во здравството само во Прилеп треба да се вработат уште шест лекари и повеќе медицински сестри.

Тој истакна дека во последните 25 години во Прилеп немало воопшто пратено луѓе на специјализација, а министерот Тодоров нагласи дека таков проблем имало насекаде во Македонија бидејќи до пред десетина година воопшто не се вложувало во здравстовото.

Огласот за 350 вработувања на здравствени работници во Македонија, како што најави министерот Тодоров, ќе биде објавен до крајот на  месецов. Според Тодоров, од кога станал министер за здравство во здравствениот сектор се вработени нови 4 илајди лица и сеуште има потреба од нови вработувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...