Се гради нов мост меѓу пробиштипските села Ратавица-Бунеш

Штип, 25 јули 2016 (МИА) - На Злетовска река интензивно се гради новиот мост, лоциран  меѓу пробиштипските села Ратавица и Бунеш. Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски вели дека во моментот се градат темелите на мостот, а рокот за изградба е шест месеци.

Тоневски посочи дека овој мост е единствен премин меѓу селата Ратавица и Бунеш.

- Мостот беше значително оштетен од минатогодишните поплави , дури беше забранет и за употреба. Ние изработивме проект, со кој што аплициравме заедно со Центарот за развој на источно планскиот регион до Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој и ни беа одобрени три милиони денари, а Општина Пробиштип учествува со околу еден милион денари во реализацијата на проектот. Значи вкупниот буџет за овој проект е четири милиони денари, вели Тоневски.

Жителите на двете села велат дека се задоволни што ќе добијат нов мост, кој ќе им ја олесни комуникацијата и пристапот до нивните ниви. Општина Пробиштип  пред да се гради мостот го асфалтираше и локалниот пат меѓу двете пробиштипски села  Ратавица –Бунеш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...