Почна собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Скопје, 25 јули 2016 (МИА) – Почна собраниската расправа за ребалансот на Буџетот кој предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиона денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиона. 

Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари. 

Како што истакна министерот за финансии Кирил Миноски, образложувајќи го ребалансот, успешното управување со јавните финансии останува приоритет.

- Предложените измени и дополнувања на Буџетот ќе обезбедат стабилна фискална позиција на земјата. Со нив се задржува определбата за ниско даночно оптоварување, без промени на даночната политика и благ пораст на буџетскиот дефицит како резултат на корекцијата на приходната страна и зголемените трошоци делумно како резултат на политичката и мигрантската криза, рече Миноски. 

Според него, измените и дополнувањата се однесуваат на ревидирање на приходната страна за два отсто надолу согласно остварувањата во првите пет месеци од годината, на реалокација на средства меѓу буџетските корисници наменети за исплата на плати, на обезбедување дополнителни средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со цел непречена исплата на пензиите, на намалување на одредени позиции кај буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на релизација или постигнување одредени заштеди, на обезбедување дополнителни средства за проектот за изградба на Националниот гасоводен систем согласно динамиката на активности, како и на обезбедување дополнителни средства за изградба на делницата Демир Капија - Смоквица од Коридорот 10 согласно динамиката на градба во овој период.

Благото ревидирање на буџетскиот дефицит за 3,6 отсто од БДП и редовното сервисирање на обврските по основ на домашниот и надворешниот долг, се планира да се обезбедат од домашни и странски извори на финансирање. 

Расправата за ребалансот, согласно собранискиот Деловник, трае најмногу пет дена.

Пред почетокот на седницата, пратениците ја утврдија потребата од донесување на измените и дополнувањата на законите за здравствено осигурување, за градежно земјиште, за административни службеници, за Спортска академија и за Државен испитен центар, по скратена постапка.

На тоа процедурално реагираше Горан Сугаревски од СДСМ со забелешка дека повторно, како што рече, многу закони се предлагаат и се носат по скратена постапка. - На координација и со владиниот претставник, министерот за надворешни работи Никола Поповски, разговаравме што помалку закони да се пуштаат по скратена постапка. Барам уште еднаш, голем дел од законите да одат по редовна постапка за да се овозможи квалитетна дискусија и носење што поквалитетни закони, рече Сугаревски.

Неговиот предлог го поддржаа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...