Турските пазари почнаа да заздравуваат по обидот за пуч

Анкара, 25 јули 2016 (МИА) - Вредноста на турската лира се зголеми денеска за над еден процент, во услови кога пазарите зазадрвуваат по неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули. 

На турските пазари во целина е забележано опоравување по масовната распродажба на средствата минатата недела, што следеше по неуспешнит пуч и цврстиот одговор на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, како и намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од страна на агенциите „Стандард енд Пурс“ и „Фич“. 

Курсот на доларот денеска беше 3,04 турски лири, откако минатата недела американската валута достигна историски максимум од 3,0970 турски лири.

Турската валута загуби 6,7 отсто од вредноста во однос на доларот по обидот за пуч. 

Индексот „Борса Истанбул 100“ се зголеми денеска за 2,8 отсто, а индексот, кој ги обединува обврзниците на турските банки за 2,9 проценти.

Оваа тенденција веројатно ќе им даде слаба утеха на инвеститорите по падот на берзата од 13 отсто минатата недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...