Се реновира училиштето во кочанско Горни Подлог

Кочани, 25 јули 2016 (МИА) - Со грант од Владата на Јапонија  во висина од 70.479 евра, Општина Кочани започна со реновирање на зградата на Подрачното основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Горни Подлог.

Реконструкцијата на училиштето вклучува целосна замена на кровот, нова фасада, делумна обнова на подот и замена на вратите и прозорците, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот.

- Влагата во училишната зграда во Подлог се зголеми по поплавите во февруари 2015 година, па реконструкцијата е добредојдена. За реализација на градежните активности го користиме  летниот распуст на учениците. Овој проект ќе обезбеди модерна енергетски ефикасна зграда со поквалитетни услови за работа и учење, соопшти градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

Договорот за одобрување на средствата беше потпишан на почетокот на март во Јапонската канцеларија за врски во Скопје, по што Општина Кочани како носител на проектот, ги презема активностите за  реализација на градежните работи,кои се очекува да завршат  пред почетокот на новата учебна година.

Училиштето во Горни Подлог  работи во состав на ОУ„Св Кирил и Методиј“ од Кочани и е објект изграден пред 50 години, во кој посетуваат настава 130 ученици од  прво до деветто одделение од селата Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...