Мукоски: Еврообврзницата издадена во согласност со законите и прописите

Скопје, 25 јули 2016 (МИА) - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека еврообврзницата е издадена во согласност со сите законски норми и прописи во Република Македонија.

- За жал и денес, СДСМ се обидува да шпекулира и манипулира со македонските граѓани иако добро знаат кога и на кој начин министерот за правда го изразува своето мислење односно на денот на доспевање на средствата што се позајмени од еврообврзницата и легнување на сметката на Народна Банка, министерот за правда го става својот потпис. Сепак, ова е една традиција и обид за шпекулација од страна на СДСМ со граѓаните на Република Македонија, рече на прес-конференција пратеникот Крсто Мукоски.

За јавноста, како што кажа, средствата од еврообврзницата ќе бидат искористени за буџетска поддршка.

- Добар дел од средствата ќе биде искористен за продолжување на капиталните инвестиции и еден дел од средствата, околу 180 милиони, ќе бидат за враќање на стари долгови, рече Мукоски.

Што се однесува до ребалансот на Буџетот, Мукоски со став дека е во добра кондиција, има средства за сите неопходни исплати и за плати и за пензии и за социјални трансфери.

- Генерално, намалени се ставките за некапиталните расходи односно ставката на стоки и услуги и еден дел од капиталните расходи во оние проекти кои што заради динамиката на изведување не се во можност да се реализираат. Според нашите законски прописи во изминатиов период имавме неколку пати најави за избори и во тој период имаше проблем со реализација на тие капитални проекти и инвестиции, рече Мукоски.

Тој истакна дека сите ревидирања во надолна линија особено на бруто-домашниот производ од 4 отсто на 2,3 отсто се по исклучителна заслуга на деструктивното однесување на СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...