МАТТО: Македонските компании да ја продолжаат соработката со турските фирми

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Стопанска комора на Македонија - Турција (МАТТО) ги повикува македонските компании да ја продолжаат почнатата деловна соработка со турските фирми и слободно да влегуваат во нови деловни односи зашто Владата на Република Турција овозможи и гарантира нормални економски движења, нормално функционирање на институциите како и стабилан монетарен и банкарски систем.

Според МАТТО, последните политички турбуленции во Турција не ја доведоа во опасност ниту безбедноста на туристите, а во целост се реализираат и сите договорени аранжмани.

- Сведоци сме дека ниту едно случување денес не е без регионално влијание. Така, осуетениот пуч во Република Турција од 15 јули годинава и одлуката за воведување вонредната состојба во земјата од 20 јули, може да предизвика неодлучност кај некои од македонските компании во врска со трговска и друга соработка со турските партнери, наведува МАТТО.

Податоците на ХАЛК Банка во Република Македонија покажуваат дека турската лира на меѓународниот валутен пазар забележа пад од дополнителни шест отсто. 

- Економската размена на Македонија и соработката со турските компании интегрално е покриено со плаќања во евра. Девизниот курс е во фиксни рамки повеќе од 20 години и на домашниот пазар е обезбедена целосна стабилност. Согласно актуелното ниво на лирата, во моментов е рационално да се врши плаќање во лири, како за правни, така и за физички лица, велат од МАТТО.

Турската економија во 2015 имаше раст на БДП од четири отсто, а во првата половина од 2016 3,4 проценти. Истиот раст се очекува и во 2017 година. Растот на индустријското производство во мај 2016 споредено со ист период во 2015 е 5,6 отсто.

- За очекување е дека времено, одлуките за странските инвестиции во Република Турција ќе бидат одложени од причина на претпазливост. Домашна потрошувачка и натаму продолжува да биде основен фактор на растот на економијата. Во 2015 година вкупната надворешно трговската размена со светот изнесуваше 351 милијарди долари, а во првиот квартал оваа година беше 81 милијарда. 

Како што наведува МАТТО, Македонија и регионот остануваат во фокусот на инвестицискиот и деловниот интерес на Република Турција. 

Според Државниот завод за статистика на Република Македонија, во првите пет месеци од 2016 година трговската размена со турција е 175 милилиони долари што е раст од 21,5 отсто во однос на истиот период лани. Зголемување бележат и извозот, за 19,8 отсто, како и увозот, за 22 отсто.

Турција во 2015 година оствари трговска размена со Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора во вредност од 2,3 милијарди долари, додека во 2014 инвестираше во регионот повеќе од три милијарди долари, нагласуваат од Комората. 

МАТТО, со седиште во Скопје, брои 56 турски и македонски компани, како и инвестиран турски капитал во Македонија од над една милијарда долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...