До 31 август аплицирање за субвенции за оризова арпа

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведена и продадена оризова арпа е во тек и ќе трае до 31 август 2016 година, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои произвеле оризова арпа од реколтата 2015 година и ја предале во регистрирани откупни претпријатија од 1 јули до 31 јули 2016.

Висината на директните плаќања е пет денари по килограм за пријавена површина со ориз до два хектара, четири денари по килограм за пријавена површина со ориз од два до 10 хектари и три денари по килограм за пријавена површина со ориз над 10 хектари.

Според Агенцијата, при пресметка на финансиската поддршка се земаат предвид количините кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со доставување потврда за предадена оризова арпа која ја издава откупното претпријатие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...