Реконструкција на Занаетчискиот дом во Куманово

Куманово, 26 јули 2016 (МИА) - Наскоро ќе почне реконструкцијата на Занаетчискиот дом во Куманово, информира денеска Центарот за развој на североисточниот плански регион.
 
Како што изјави раководителот на Центарот Младен Протиќ, се чека на потпишување договор со фирма - изведувач од Прилеп која треба да достави банкарска гаранција.
 
Реконструкцијата ќе ги опфати трите ката на објектот или околу 640 квадратни метри, а се очекува да заврши до ноември годинава.
 
За проектот, Центарот за развој минатата година аплицираше со проект до Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Проектот е одобрен и се одвоени 200.000 евра, а општина Куманово со одлука на Советот, учествува со 100.000 евра за реконструкција на Занаетчискиот дом.
 
Занаетчискиот дом е споменик на културата поради што надзор на реконструкцијата ќе прави Конзерваторскиот центар од Скопје.
 
Домот, и покрај санацијата, ќе ја задржи почетната намена - услужни дејности и репрезентација. На првиот кат, објасни Протиќ, е предвидено да има фоаје, свечена сала, тераса, складишен простор, тоалети, на вториот галерија со 123 седишта и други простории, а на третиот - пет одделни простории. Во Домот ќе се оддржуваат промоции, изложби, симпизуми, предавања, семинари и слчни манифестации.
 
Последен пат галеријата во објектот е реконструрана во 1983 година.
 
Објектот по кој е препознатливо Куманово, е дело на рускиот архитект Владимир Антонов и е граден по иницијатива на занаетчиите од Куманово, а е пуштен во употреба 1930 година. Во текот на годините во него биле сместени неколку институции - народен магазин, општински синдикален сојуз, локален весник и радио, кино Напредок, Одделението на Архивот на Македонија, различни трговски објекти и занатечии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...