Василево ќе гради филтер станица за водоводот во Добрашинци

Василево, 26 јули 2016 (МИА) - Градоначалникот на Општина Василево, Ванчо Стојанов денеска потпиша два договора за реализација на инфраструктурни проекти - изградба на нова филтер станица за водоводот во Добрашинци која ќе ги опслужува и селата Нова Маала, Чанаклија и новата индустриска зона, како и изградба на две улици во населените места Василево и во Седларци.

- Првиот договор го потпишавме со фирмата Хидроинжинеринг како најдобар понудувач. Тие треба да изработат техничка документација за изградба на нова филтер станица за водоводот во Добрашинци. Вториот договор што го потпишавме е со фирмата „Жикол“ која треба да изгради две улици, една од 115 метри во Василево, а другата од 500 метри во Седларци. Проектите се дел од нашите намери за подобрување на инфраструктурата за соодветни услови и квалитетен живот на граѓаните, рече градоначалникот Стојанов.

Тој очекува сите проекти да бидат завршени со крајот на градежната сезона. Локалните власти се надеваат дека подобрената комунална инфраструктура, во делот на водоснабдувањето, канализациската мрежа и добрите патишта ќе помогнат за отворање на новата индустриска зона во која две парцели се наменети за изградба на вински визби, а пет парцели за фотоволтаици.

Градоначалникот Стојанов најави дека утре ќе се одржи и електронската аукција за изградба на пешачка патека покрај населеното место Владевци. Појасни дека пешачката патека ќе биде направена од бекатонски плочки со комплетно осветлување и атмосферско одводнување бидејќи, рече, проблематична е конфугурацијата на теренот кога и при најмали врнежи се собира вода. 

Парите за техничката документација за филтер станицата во висина од 500 илјади денари се обезбедени како донација од Министерството за животна средина, а за улиците паричните средства се од локалниот буџет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...