МФ: Финализирана продажбата за еврообврзницата, тужби за СДСМ

Скопје, 26 јули 2016 (МИА) - Финализирана е продажбата на еврообврзницата. Издадени им се обврзниците на инвеститорите, а средствата се уплатени на сметката на Министерството за финансии во Народната банка.

Како што соопшти Министерството за финансии, согласно постапката за издавање еврообврзница, денеска е потпишано и приложено правното мислење потпишано од министерот за правда кое се издава на денот на трансакцијата, односно уплатата на средствата и запишувањето на обврзниците на име на инвеститорите.

- Од денот на аукцијата до денот на финализирањето на продажбата на еврообврзницата со уплата на средства и запишување на сопственост, се средува документацијата - период кој беше искористен од страна на опозицијата да шири невистини во јавност со неточно толкување на законската регулатива, наведува Министерството.

Додава и дека со кампањата спроведена од СДСМ изминатиот период беше нанесена штета по угледот на Министерството за финансии, министерот за финансии и владиниот тим што учествуваше во постапката, но и материјална штета по сите граѓани на Република Македонија преку подигање на каматната стапка како резултат на ефектите од таа кампања.

- Црната кампања придонесе за штета од околу 25 милиони евра по основ зголемена каматна стапка, средства кои неоправдано Република Македонија и граѓаните на Република Македонија ќе ги плаќаат во наредните седум години. Со цел да се заштити меѓународниот углед на државата и на Министерството за финансии, ќе ги преземеме сите законски мерки за да се санкционира своеволието и неоправданото дејствување на опозициската СДСМ, кое е се освен одговорно однесување на една политичка партија која се грижи за доброто на граѓаните, стои во соопштението од Министерството за финансии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...