Камен-темелник на новата странска инвестиција во Илинден

Скопје, 28 јули 2016 МИА) - Во локалната економска зона „Стопански комплекс Илинден“ во општина Илинден денеска беше поставен камен-темелник за изградба на постројката на германската компанија „Г.Р.А.Д. Екологија“ за производство на дизел гориво преку каталитичка деполимеризација, односно  трансформација на отпадни масла во дизел гориво.

Станува збор за инвестиција во вредност од 12 милиони евра со која ќе биде изграден објект од 19.334 метри квадратни во кој првично ќе бидат вработени 40 работници што ќе произведуваат дизел гориво по уникатна технологија во светски рамки за заштита на животната средина.

Како што информира Мено Милер, претставникот на менаџерскиот тим на  „Г.Р.А.Д. Екологија“ од Германија постројката што ќе се гради во општина Илинден ќе работи по иста технологија како веќе постојните објекти на „Г.Р.А.Д. Екологија“ во Германија, Шпанија, Швајцарија, Полска, Австрија, Мексико, Канада и САД.

- Задоволен сум што конечно почнавме да го реализираме објектот во Македонија кој треба да биде готов во наредните 10-тина месеци и од средината на идната година да почне со производство. Имаше многу луѓе кои ни помогнаа во реализацијата на нашата инвестиција и сметам дека беше правилна нашата одлука да дојдеме тука да инвестираме, рече Милер.

Тој посочи дека е воодушевен од гостопримливоста на македонскиот народ и нагласи дека  наишол на одличен однос секаде каде што имал потреба за реализација на инвестицијата.

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски посочи дека во општината има 181 нова инвестиција од кои 32 се странски директни инвестиции меѓу кои и на  „Г.Р.А.Д. Екологија“.

- За да се дојде до оваа значајна бројка на инвестиции,  што не прави најголем инвестициски центар во Македонија и регионот, имавме сесрдна поддршка од Владата на Република Македонија. Со инвестициите се овозможи локален одржлив економски развој и се намали невработеноста во општината на 10 отсто од кои само 4 отсто се активни баратели на работа, а останатите се пасивни, рече Стојановски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелникот, во изјава за медиумите рече дека  големата експанзија на компании во општина Илинден е резултат на ТИРЗ Скопје, индустриската зона која ја направи општината и севкупната бизнис клима во Македонија.

- Фабриката што ќе се гради овде ќе произведува дизел од отпадни масла од другите фабрики во Македонија и ќе го апсорбира и преработи речиси половина од отпадното масло во земјава, изјави Груевски по поставувањето камен-темелник.

Тој посочи дека досега македонските компании за да ги задоволат еколошките стандарди беа должни отпадното масло да го продаваат во Виена што претставуваше одреден трошок.

- Тоа мораше да го прават заради екологијата, но и за да добијат одредени еколошки сертификати без коишто не можат да продаваат на меѓународните пазари. Сега барем половината од тоа ќе можат да го прават во Македонија во оваа фабрика, рече Груевски.

Нагласи дека предвидениот капацитет на новата фабрика ќе биде преработка на околу 9.000 тони отпадни масла, а Македонија, како што кажа, годишно има таков отпад од околу 20 илјади тони.

- Тоа значи дека производителот ќе има доволно суровини за производство на дизел гориво од отпадни масла, но корист ќе имаат и македонските компании кои ќе имаат помали трошоци за да се ослободат од отпадното масло и да им останат средства за вложување во нешто друго, потенцира Груевски.

Прецизира дека во новата компанија дел од вработените ќе бидат со пониска квалификација, но ќе има и такви со висока квалификација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...