Комплетно нов асфалт ќе добие патот до кавадаречкото село Дреново

Кавадарци, 28 јули 2016 (МИА) - Комплетно нов асфалт ќе добие пристапниот пат до кавадаречкото село Дреново, а ќе се реконструираат и уште две поголеми улици во селото, изјави денеска за МИА градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Тој нагласи дека околу шест милиони денари ќе се инвестираат во инфраструктура во селото Дреново. 

- Покрај  комуналната изградба во самиот град,  имаме активности и во селата. Во овој момент  веќе се спремни неколку улици, со вредност од над 700 илјади денари по улица, во селото Марена и Сопот. Очекувам, овие денови да започнат и градежните работи во селото Дреново.Бидејќи од поодамна не сме имале поголем обем на комунална изградба во Дреново, одлучивме со стручните служби,  поголемиот дел од парите од Светска Банка кои се во висина од 260.000, да ги насочиме таму, вели градоначалникот на Кавадарци Панов.  

Инаку, како што рече Панов, активностите во градот  се дел од поголем тендер за комунална изградба,  со вкупна сума од  3.310.000 денари.

- Со тие пари треба да се поплочат и  тротоарите на улиците  „Киро Крстев”, „11 Бригада”, „Бел Камен” и „Козара”. Исто така опфатени се поплочување на мал парк на улица  „Ѓоре Брушански”, реконструкција на скали на улица  „Солунска глава” и поплочување на патеки  околу градските гробишта, додава Панов во изјава за МИА.

Од комуналните активности на општината, посочи, продолжува акцијата за крпење на ударните дупки на повеќе улици во Кавадарци и во Ваташа. Вкупната површина опфатена со оваа активност е 2.400 квадратни метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...