До крајот на годинава ќе почне изградбата на новата зграда на ОУ „Димитар Македонски“-Скопје

Скопје, 28 јули 2016 (МИА) - До крајот на годинава ќе почне изградбата на новата зграда на основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, општина Аеродром. 

Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на 109. седница, на која се поставуваат пратенички прашања. 

- Во рамки на нашите посети кои беа реализирани при теренските активности и средбите со граѓани кои ги имавме во општина Аеродром, беше побарано во населеното место Лисиче да се изгради комплетно нов објект за основното училиште „Димитар Македонски“. На нашата последна посета беше направена целосна анализа на постојниот објект. Тој објект не може да се санира и неопходно е да се изгради комплетно ново училиште, појасни Ристовски. 

Министерството за образование и наука, како што рече, распиша јавен повик за избор на компанија која ќе го изготви идејното и проектното решение за ова училиште.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...