Рехабилитиран патот Илинден-Марино

Скопје, 28 јули 2016 (МИА) - Во општина Илинден заврши комплетната реконструкција, санација и рехабилитација на локалниот пат Илинден-Марино во вкупна должина од 2.100 метри.

На оваа делница е извадена и атмосферска канализација за прифаќање и одведување на атмосферските води, ископани се нови канали и поставени цевкасти пропусти, а поставена е и хоризонтална и вертикална сигнализација. Во рамките на реализацијата на овој проект извршена е и санација на мостот што ја поврзува оваа улица со автопатот Скопје-Куманово и локалните економски зони.

Реконструираната улица денеска ја посети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски и одржа средби со месното население.

- Во патот се инвестирани 22 милиони денари од кои две третини се на Владата на Република Македонија преку  Агенцијата за поддршка на руралниот развој, а една третина е на општината. Пуштањето на патот е дел од големата градежна експанзија што ја има во овие две години во општина Илинден, изјави Груевски.

Тој прецизира дека во последната 1,5 година во општината се инвестирани 3,6 милони евра во патишта, канализации, водоводи и слични инфраструктурни проекти, а до крајот на годинава, како што рече, ќе бидат инвестирани уште 3,5 милиони евра.

- Тоа покажува дека за две години во Илинден ќе бидат инвестирани 7,1 милиони евра во локални патишта, канализациски мрежи со пречистителни станици и водоводни мрежи. Тоа за една ваква општина е една сериозна градежна инфраструктурна експанзија. Работите  се движат во добра насока и општината добива се повеќе на важност и се зголемува бројот на жители, но најмногу бројот на компании кои отвораат нови работни места, рече Груевски.

Од она што можев да го слушнам од градоначалникот Стојановски, потенцира,  веќе во општината на само четири отсто е намален процентот на активни баратели на работа. - Тоа веројатно е резултат на големата експанзија на компании и фабрики во оваа општина што пак е резултат на отворањето на ТИРЗ Скопје 1 индустриската зона која ја направи општината и севкупната бизнис клима во Република Македонија, истакна Груевски.

Градоначалникот Стојановски истакна дека постои предлог реконструираната улица која сега се вика „8“ да се прекрсти во „Илинденска“. Улицата, како што додаде, била ветена во програмата и веќе е реализирана.

- Планираме за годинава да асфалтираме 20 километри локални улици во општина Илинден за што ќе вложиме околу 120 милиони денари.  Досега веќе се реализирани две третини од планот, а останува до есента да се завршат останатите. Сметам дека ќе го надминеме планот. Во моментов се работи и една делница преку Владата, а тоа е патот во должина од 4 километри од Миладиновци преку Текија до Дељадровци во вредност од 23 милиони денари, рече  Стојановски.

Општината, како што кажа, ќе продолжи и со изградбата на фекалната канализација и пречистителните станици на нејзината територија. Предвидено е изградба и на пешачки патеки, седум моста од кои пет пешачки и два сообраќајни.

- Минатата година пуштивме во употреба две во населбата Илинден, а за наредната буџетска година се планира да се реализира делот на кој во моментов се наоѓаме. Предвидено е да биде завршен за една година заедно со пречистителна станица. Во моментов се работи сегментот еден во Марино каде пречистителната станица е во завршна фаза на монтажа, а се планира во октомври да биде пуштен во работа со кој ќе се реши проблемот на 1.250 жители. Потоа ќе продолжиме со реализација на вакви проекти во Кадино, Мралино и Миладиновци, рече Стојановски. 

Истакна дека во општината има голема побарувачка за парцели за индустриски објекти и додаде дека веднаш по подготвувањето на парцелите тие се продаваат.

- Невработеноста во општина Илинден во моментов е помала од 10 проценти од кои 6 проценти се пасивни баратели, а само 4 се активни. Најголемиот дел од жителите во општината се вработуваат во економските зони, во мали и средни претпријатија и во ТИРЗ Бунарџик.  Вработеноста континуирано се подобрува и гледаме во општината да влезат добри инвеститори кои веднаш ќе инвестираат за да можат да се ангажираат сите невработени, рече Стојановски..

Во општина Илинден, како што нагласи, има 181 инвестиција од кои 32 се странски директни инвестиции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...