Во Собранието ќе се гласа за ребалансот на Буџетот ЗА 2016

Скопје, 29 јули 2016 (МИА) - Пратениците денеска во рамки на 111.седница треба да гласаат за ребалансот на Буџетот за 2016 година. Општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта. 

За Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година ќе гласаат пратениците од владејачкото мнозинство. Против во расправата се изјаснија СДСМ и другите опозициски пратеници кои предложија ребалансот на Буџетот да биде повлечен од дневниот ред зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според пратениците, е незаконски издадена.

Ребалансот на Буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милион и на вкупните расходи од 196,276 на 195,472 милиони. 

Дефицитот е ревидиран од 18,984 на 21,181 милион денари. 

На дневен ред на 111. седница се и Предлог законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка, како и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.

Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за избор на член на Советот на јавните обвинители на РМ, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и за избор на член на Судскиот совет на РМ.

На денешната седница се и неколку ратификации на спогодби на Владата на Република Македонија со владите на Виетнам, Италија и Србија.

Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за градежно земјиште, на Законот за административни службеници и на Законот за спортска академија, сите по скратена постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...