МФ: Јавниот и државниот долг во вториот квартал намалени за над 50 милиони евра

Скопје, 29 јули (МИА) - За над 50 милиони евра се намалени државниот и јавниот долг во вториот квартал годинава. Согласно податоците кои ги објави Министерството за финансии на својата веб-страница, државниот долг заклучно вториот квартал годинава е 36,9 отсто од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,6 процентни поени или за 59,5 милиони евра.

Јавниот долг, пак, е 45,3 проценти од БДП, што споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,6 процентни поени или за 56,9 милиони евра.

Во вториот квартал годинава, Владата изврши исплата на обврзниците за денационализација во висина од 12,1 милиони евра и емитуваше нова 15-та емисија на обврзници за денационализација во вредност од 12 милиони евра.

Од Министерството за финансии велат дека и кај состојбата на државните хартии од вредност има намалување од 50,5 милиони евра, што е во насока на стратегијата за намалување на домашното задолжување со цел ослободување повеќе средства за кредитирање на корпоративниот сектор. Исто така, од Министерството велат дека во овој период биле отплатени доспеани обврски од кредитни аранжмани.

Согласно проекциите на Министерството за финансии, како што неодамна изјави министерот за финансии Кирил Миноски, до крајот на годината јавниот долг ќе се задржи под 50 отсто од бруто-домашниот производ, што е под Мастришкиот критериум од 60 отсто. До крајот на годината, како што најавија од Министерството, ќе се исплатат доспеани обврски во вредност од 180 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...