Груевски: Гасификацијата е одличен проект на кој долго работевме

Штип, 29 август 2016 (МИА) - Гасификацијата е одличен проект на кој долго работевме во смисла на негова подготовка, преговори и конечно минатата година успеа да се затвори се, да се затворат сите отворени прашања и да се започне градбата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска присуствуваше на настанот по повод завршувањето со изградба на магистрален гасовод Делница Клечовце – Блок станица 5, во непосредна близина на Штип.

Во јуни минатата година, како што потсети, започна градбата на овој гасовод долг 61 километар кој чини 75 милиони долари, од кои 15 ги обезбедува Република Македонија од Буџетот, а околу 60 се обезбедени со пребивање на клириншкиот долг  од Русија.

- Се радувам што ова се завршува, ова е дел од нашиот план за гасификација на Македонија. Оваа траса од Клечовце до Штип веќе следниот месец ќе биде продолжена со траса која ќе доаѓа од тука, од Штип до Кавадарци. Веќе во септември започнува продолжение од Кавадарци до Прилеп и Битола. И уште еден гасовод кој исто така започнува да се гради во септември од Скопје кон Тетово и Гостивар, рече Груевски.

Тој истакна дека вкупната должина на овие гасоводи е околу 210 километри и ќе чинат околу 90 милиони евра.

- Станува збор за една сериозна операција која долго време ја подготвувавме, а сега веќе се изведува што ќе помогне за добивање една енергетска сигурност на долг рок, намалување на цените, еколошка предност во однос на користење други енергенси, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



Додека се гради, истакна Груевски, има голем ефект и за градежните компании.

- Градбата на овој гасовод од Клечовце до Штип имаше ангажирано 400 работници и најголем дел од работите беа изведувани од македонски компании како подизведувачи на главниот изведувач. Има економски бенефит и додека се гради, а уште поголем економски бенефит кога ќе заврши градбата и кога ќе почне да се користи гасот, нагласи Груевски.

Додаде дека во тек е и подготовка за секундарна гасификација, што значи од овој примарен гасовод делови да одат во градовите.

- Овие подготовки се во самиот финиш, очекувам некаде во септември да се објави огласот за источна и западна Македонија. За скопскиот регион веќе е објавен. Оној приватен субјект кој ќе го земе оваа концесија, ќе ги изгради овие приклучоци и внатре во градовите, директно до куќите, становите, индустриските капацитети и ќе стопанисува со нив одреден број на години, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски посочи дека ова е долгорочно многу исплатлива и значајна операција за граѓаните и Република Македонија, како и за енергетската стабилност во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...