НБРМ: Забележан пораст на штедењето во денари

Скопје, 10 август 2016 (МИА) - Раст на штедењето на населението во банкарскиот систем, особено во домашна валута, е забележано во последниот период. Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ заклучува дека се присутни знаци на стабилизирање на очекувањата видливи преку отсуство на притисоци на девизниот пазар и интервенции на НБРМ со откуп на девизи. 

Во вториот квартал од годината сите податоци укажуваат на продолжување на економсиот раст, но со забавена динамика во однос на првото тримесечје. - Остварувањата во економијата од почетокот на годината досега се послаби од очекувањата, што заедно со ризиците од надворешното окружување и домашните политички случувања упатуваат на надолни ризици за проекцијата на БДП за 2016 година. Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени и натаму е во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација бележи позитивни годишни стапки на раст, соопштуваат од НБРМ.

Во јули, на девизниот пазар, во услови на сезонски раст на понудата на девизи од менувачи и истовремен пад на побарувачката на девизи од фирмите, банките на нето-основа остварија откуп на девизи во трансакциите со клиенти. Во трансакциите со физички лица, движењата, со натамошно намалување на побарувачката и истовремен раст на понудата на девизи, при што банките оствариле релативно висок нето-откуп со овие клиенти. Поволните движења во трансакциите со клиенти придонесле за подобрување на девизната ликвидност на банките, што доведува до зголемена понуда на девизи на меѓубанкарскиот девизен пазар.

Од 25 јули Народната банка секојдневно интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи, при што заклучно со 8 август се откупени вкупно 48,3 милиони евра. - Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар придонесоа за подобрување на денарската ликвидност на банкарскиот систем. Во такви околности и во насока на ефикасно управување со ликвидноста, банките ги зголемија пласманите во расположливи депозити кај Народната банка, истакнуваат во соопштението.

Најновите податоци за девизните резерви за јули покажуваат висок раст на девизните резерви, при што главен фактор за растот во овој период се трансакциите за сметка на државата, заради издадената евро-обврзница, а во помал дел и девизните депозити на домашните банки кај НБРМ, како и интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, коишто во текот на јули беа во насока на нето-откуп на девизи.

Во однос на показателите од надворешниот сектор, засега расположливите податоци покажуваат дефицит во тековната сметка, нешто поголем од очекуваниот и финансиски текови во согласност со очекувањата. НБРМ наведува дека е важно да се нагласи оти движењата на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, се поволни при раст на нето-откупот на девизи во текот на јуни и јули. Воедно, досегашните остварувања кај директните инвестиции се солидни и подобри од очекуваните.

Јунските податоци за депозитите кај банките покажаа значително забавување на падот на вкупниот депозитен потенцијал, при истовремен благ раст на штедењето на населението. Прелиминарните податоци за јули упатуваат на повисоко ниво на вкупната депозитна база, споредено со претходниот месец, во целост како резултат на солидниот раст на депозитите на населението. Притоа, во овој месец присутна е поголема склоност на населението за штедење во денари, наспроти располагањето со странска валута. Ваквото однесување покажува значително подобрување на перцепциите на субјектите, а делумно може да е реакција на поместувањата во каматната политика на банките. Во јуни, првпат по подолг временски период, се забележува проширување на распонот помеѓу каматата на депозитите на населението во денари и депозитите во девизи, што е конзистентно на досега преземените монетарни мерки. Во однос на проекциите, нивото на депозитите во јули е пониско од проектираното.

Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за јули покажуваат мало намалување на новите кредитни текови, при пад на кредитите на корпоративниот сектор и натамошно зголемување на кредитирањето на населението. Ова приспособување во кредитирањето, следува по солидниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор во јуни  и не е невообичаено за овој период од годината. Резултатите од последната Анкета за кредитната активност за вториот квартал упатуваат на натамошно олеснување на вкупните кредитни услови и кај двата сектора, при умерено нето-намалување на побарувачката на корпоративни и станбени кредити.

Од НБРМ посочуваат дека постојната монетарна поставеност е соодветна. - По преземените мерки од страна на НБРМ на почетокот на мај, последните податоци покажуваат значително стабилизирање на движењата, коешто се очекува да продолжи и  во наредниот период. Сепак, неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со глобалното окружување е сѐ уште присутна и дополнително нагласена по гласањето на Обединетото Кралство за излез од Европската Унија. НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...