Да се укине измената на Правилникот со која поскапе фитосанитарната анализа при увоз на пченица, бараат мелничарите

Скопје, 10 август 2016 (МИА) - Мелничарите бараат итно да се поништи измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство со која фитосанитарната анализа при увозот на пченица поскапе за 833 отсто.

Измената стапи во сила на 1 август годинава и не го опфаќа брашното, но, како што соопшти Стопанската комора на Македонија, е спротивна на правилата на ЦЕФТА и на Светската трговска организација и е донесена без претходни консултации со претставниците на мелничко-пекарската индустријата. 

Согласно последното зголемување, надоместокот за фитосанитарната анализа ќе изнесува околу 12.600 денари по камион при одобрување влез на увезена пченица и уште толку при царинење или вкупно 25.200 денари, а досега беше  3.000 денари.

- Во последните две години анализата се наплаќа двојно, еднаш при увоз на пченица, и повторно, при нејзино царинење. Висината на надоместокот за фитосанитарната анализа досега беше 1.500 денари по камион при влез на пченица (зависно од товарената тежина) и исто толку при царинење, односно 3.000 денари. Од втори август оваа сума изнесува 25.200 денари поради што бараме од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство итно да ја поништи измената на Правилникот. Само така ќе можеме да функционираме, да продолжиме со откуп на годинашната домашна пченица, но и да увезуваме, со цел производство на квалитетно брашно за македонските потрошувачи, посочуваат компаниите-членки на Групацијата.    

Тие воeдно укажуваат дека е потребно при носењето на мерките да се има предвид поврзаноста на производството на пченица и производството на брашно зашто, подвлекуваат, овие гранки се меѓусебно зависни и треба заеднички да се регулираат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...