Поповолни оценките во деловните субјекти во трговијата на мало

Скопје, 10 август 2016 (МИА) - Eкономската состојба на деловните субјекти во трговијата на мало, според нивните раководители, во второто тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје и во однос на второто тримесечје од 2015 година, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци се очекува дека економската состојба ќе биде поповолна во наредните две тримесечја.

Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје. Финансиската состојба во второто тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголемат.

Продажните цени во второто тримесечје од 2016 година се зголемени во однос на првото тримесечје од 2016 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2016 година имале слабата побарувачка на купувачите со 23,1 отсто, зголемената конкуренција со 22,3 отсто и зголемената понуда на пазарот со 20,1 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...