Цените на одделни производи да се вратат на нивото пред поплавите

Скопје, 12 август 2016 (МИА) - Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5 август 2016 година. 

Од Министерството за економија информираат дека одлуката, донесена врз основа на член 30 став 1 алинеа 2  од Законот за трговија, се однесува на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, а поради случаи на злоупотреба на дел од трговците констатирани при проверка на Државниот пазарен инспекторат, по  поплавите во скопскиот и тетовскиот регион и зголемената употреба на производите. 

Министерството за економија појаснува дека користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото кое важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи.

- Имајќи превид дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно, стои во соопштението.

Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 август 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...