Одлуката за цените на некои производи е поради нивното енормно зголемување

Скопје, 12 август 2016 (МИА) - Заменик-министерот за економија Христијан Делев денеска изјави дека одлуката на Владата за замрзнување на цените на одредени производи како што се вода, хигиенски средства, гумени чизми, ракавици е донесена бидејќи некои трговци ја злоупотребиле ситуацијата со поплавите и енормно ги зголемиле цените на овие производи.

- Македонија се соочува со последиците од невремето, а одредени трговци ова го искористија во своја полза што беше многу нефер од нивна страна. Во текот на вчерашниот ден и изминатите неколку дена во Министерството за економија и во Пазарниот инспекторат се јавија граѓани кои пријавуваа енормно зголемување на одредени производи како што се на водата, основните средства за хигиена, гумени чизми, ракавици, што е многу нелогично и нефер кон граѓаните на Република Македонија, посебно кон луѓето во регионите коишто се зафатени со поплавите, истакна Делев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Делев појасни дека одлуката веќе е стапена во сила и оти ќе важи до крајот на овој месец, а доколку има потреба и понатаму ќе се интервенира.

- Вчера на терен излегоа екипите од Пазарниот инспекторат и другите инспекторати и доколку се јават нелогични цени или енормно зголемување на цените, ги охрабрувам граѓаните да се јават во Пазарниот инспекторат и да бидат сигурни дека Инспекторатот ќе излезе на терен за тоа да го регулира. Со оваа одлука на некој начин веќе му дадовме право на Пазарниот инспекторат и другите инспектори да вршат надзор и да казнуваат доколку има нелогични цени односно енормно зголемување, рече Делев по прес-конференцијата во Министерството за земјоделство.

Тој нагласи дека казните се високи и достигнуваат и до неколку илјади евра, а може да бидат затворени и објекти.

Во однос на најавата за драстично зголемување на цените на градинарските култури од страна на пазарџиите, заменик-министерот Делев рече дека поплавите нема да се одразат на зголемувањето на цените, но доколку тоа се случи, ќе се интервенира и во овој дел.

- Бидете сигурни дека Владата тоа нема да го дозволи и ќе интервенира секаде каде што е потребно. Доколку се соочиме со недостиг на производи има решенија. Тие може да се увезуваат и голем дел од тие производи се увезуваат. Нелогично е во овие последни пет дена енормно да се зголемуваат цените, ако досега не се зголемиле. Нема никакви интервенции на светските берзи и нелогично е цените да се зголемуваат. Нема да дозволиме такво зголемување на цените. Поплавите нема да се одразат на подигнување на цените на градинарските производи бидејќи најголем дел од тие производи не се од тој крај. Тоа се  шпекулации што некој сака да ги искористи во нивна корист. Владата нема да го дозволи тоа, рече заменик-министерот за економија Христијан Делев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...