Продажните цени на индустриските производители повисоки на месечно, пониски на годишно ниво

Скопје, 15 август 2016 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи во  јуни годинава се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво, а пониски за 3,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јуни 2016, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,7 отсто, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 отсто , а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,1 отсто.

Во јуни 2016, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 3,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 4,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1,1 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,2 отсто на месечно ниво, а се пониски за 8,4 отсто на годишно ниво.

Во јуни 2016, во споредба со мај 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 2,7 отсто во секторот Рударство и вадење камен, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,1 отсто.

Во јуни 2016, во споредба со јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 9,6 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 8,2 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...