Скопје, 16 август 2016 (МИА) - Министерот за економија Дритон Кучи денеска ќе има средба со косовската министерка за трговија и индустрија Хикмете Бајрами.
Тема на разговорите ќе бидат унапредувањето на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите, соопшти Министертвото за економија.