Земјоделците од дебарско субвенционирани со 800 илјади евра

Дебар,18 август 2016 (МИА) – Земјоделците од општините Дебар и Центар Жупа, деновиве почнаа на своите сметки да ги добиваат средствата за финаниска подршка за минатата година.

- Субвенции лани оствариле 833 земјоделци и сточари, како и 150 млекопроизводители од двете општини. Ним во вкупен износ ќе им бидат исплатени околу 800 илјади евра, вели Арбен Муладаути, овластен раководител на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.

Според него и на годинешниот оглас за добивање субвенции, лично во Подрачната единица или по електронски пат се добиени речиси идентичен број барања како и лани.

- Освен земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа за првпат барања во нашата подрачна единица можеа да доставуваат и земјоделци од подрачјето на Река (општина Маврово Ростуше). Тоа им беше овозможено поради фактот што Дебар им е поблиску од Гостивар, па и трошоците за патување се помали, додава Муладаути.

Субвенциите за секоја тековна година се исплаќаат во следната година, бидејќи потребна е нивна обработка, но и контрола на прикажаната состојба.

Оваа поволност која ја дава државата, оценува Муладаути позитивно влијае во зголемувањето на опфатот на земјоделските обработливи површини, како и зголемувањето на стадата овци во регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...