Претседателот на СБ единствениот кандидат за следниот мандат

Вашингтон, 15 септември 2016 (МИА) - Светската банка објави дека сегашниот нејзин претседател Џим Јонг Ким е единствениот номиниран за следниот мандат.

Приемот на номинациите веќе завршил, соопшти Извршниот совет на институцијата, во која членуваат 189 држави.

Ким ќе биде интервјуиран од Советот, а се очекува одлуката да биде донесена пред годишната средба на Светската банка, планирана за 7 до 9 октомври. 

Имено на Ким беше посочено минатиот месец од администрацијата на Барак Обама и се очекува тој да освои нов мандат на чело на СБ.

Светската банка е раководена од Американец од нејзиното создавање по Втората светска војна. Ким на оваа функција е од 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...