Наумов: Стапките на раст се на незадоволително ниво

Стапките на економски раст во Македонија не се на задоволително ниво, оцени дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов во синоќешната дебата на ТВ Нова каде заедно со министерот за финансии Кирил Миновски се дебатираше за состојбите во македонската економија.

- Освен во 2007 и 2008 година, сите досегашни стапки на раст се на незадоволително ниво, просечната стапка на раст е 3 проценти. Во време на СДСМ стапката беше 3,7. Тврдам дека било кој раст под 5 или 6 проценти за Македонија е неуспех, рече Наумов.

Тој се заложи и за поголема поддршка на домашните компании, со цел да станат поконкурентни на пазарот во однос на странските компании.

- Доколку и македонските фирми добијат ослободување од плаќање данок, од плаќање придонеси, доколку им се помогне околу изведувањето на инфраструктурата и слично тогаш тие ќе можат да направат компетитивен продукт што ќе можат да го продадат на странските инвеститори. Во спротивност, сите давачки што ги имаат македонските фирми ги спречуваат да бидат конкурентни на пазарот во однос на странските компании кои имаат разни поволности и кои можат да ги набават тие прозводи поевтино од странство. Крајниот резултат на таквата состојба ќе биде тоа што на домашните компании ќе им остане само можноста да извршуваат најосновни услуги за странците, како кетеринг или превоз, рече Наумов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...