Стиглиц предвидува еврозона без Грција и Италија

Добитникот на Нобеловата награда, економистот Џозеф Стиглиц предвидува дека Италија, Грција и некои други земји ќе ја напуштат еврозоната во наредните години, а еврото и германските политики за штедење ги обвини за економските проблеми во Европа.

- Европа нема решителност да ги преземе потребните реформи, како што се создавање на банкарска унија, а исто така, нема солидарност преку националните граници, изјави Стиглиц во интервју за „Ди Велт“.

- За 10 години се уште ќе има еврозона, но се поставува прашањето, како ќе изгледа таа? Малку е веројатно дека се уште ќе има 19 членки. Тешко е да се каже кој се уште ќе припаѓа, вели тој.

Според него, полесно е да се каже кој повеќе нема да биде дел од еврозоната, наведувајќи дека луѓето во Италија се повеќе се разочарани од еврото и Италијанците почнуваат да сфаќаат дека Италија не функционира во еврото.

Во исто време, истакнува Стиглиц, Германија веќе прифатила оти Грција ќе ја напушти еврозоната, нагласувајќи дека во минатото ги советувал Грција и Португалија да се откажат од заедничката европска валута.

Стиглиц истакнува дека политиките на еврото и штедењето во Германија се виновни за економската слабост на Европа.

Распадот на единствената валута или поделба на северно евро и јужно евро се единствени реални можности за заживување на застојот во европската економија, тврди тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...