Американскиот буџетски дефицит лани изнесувал 587 милијарди долари

Вашингтон, 15 октомври 2016 (МИА) - Буџетскиот дефицит на САД во текот на штотуку завршената фискална година изнесувал 587 милијарди долари, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на статистиката на Министерството за финансии.

Американските медиуми посочуваат дека тоа е чувствително зголемување од 34 проценти по значителното подобрување на ситуацијата по рекордните дефицити во првите години од управувањето на претседателот Барак Обама.

И покрај тоа што овие податоци се отрезнувачки, тие не изгледаат толку лоши за Вашингтон, што е западнат во политичка парализа, да преземе мерки за ограничување на државните трошоци, забележуваат медиумите во САД.

Американската Влада од секој долар на заем зема по 15 центи, што потоа ги троши. Државните расходи се зголемени за приближно пет отсто во фискалната 2016 година, до 3,9 трилиони долари, додека приходите во државната каса останале непроменети на нивото од 3,3 трилиони долари.

Неконтролираниот буџетски дефицит и нараснатите американски долгови во голем степен се заобиколуваат и од двајцата кандидати во капањата за претседателските избори, што треба да се одржат следниот месец.

Економистите коментираат дека никој од претендентите нема реален план за решавање на овие проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...