Поскапуваат горивата

Скопје, 17 октомври 2016 (МИА) -  Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1,5 денари, а Еуросупер БС 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката на РКЕ, литар Еуросупер БС 95 ќе се продава за 63 денари, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на литар „Еуродизел (Д-ЕV) e 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC  се зголемува за 1,67 денари и килограм ќе чини 24,078 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 4,36 проценти. 

РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и односот на  курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...