Резултати од работењето на Македонски Телеком за првите девет месеци од 2016 година

  • Приходите од продажба изнесуваат 7.828 милиони денари, што претставува намалување за 0,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година
  • Оперативните трошоци на крајот од првите девет месеци од 2016 година бележат зголемување од 2,8 отсто
  • Нето добивката е во висина од 714 милиони денари, што претставува намалување за 26 отсто
  • Приходите од малопродажен интернет и IPTV се зголемeни за 2,2 отсто
  • Бројот на MaxTV корисници изнесува 106,7 илјади што претставува зголемување од 6,3 отсто
  • Базата на претплатници во мобилниот сегмент е зголемена за 3,7 отсто
  • Зголемени приходи од системска интеграција и ИТ за 8,9 отсто отсто како резултат на зголемените приходи од ИКТ проекти и Cloud Computing услуги

Македонски Телеком АД-Скопје ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги на крајот од првите девет месеци од 2016 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Приходите од продажба во првите девет месеци од 2016 година изнесуваат 7.828 милиони денари, што претставува намалување за 0,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Оперативните трошоци на крајот од првите девет месеци од 2016 година бележат зголемување од 2,8 отсто, споредено со истиот период во 2015 година.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите девет месеци од 2016 година изнесуваат 1.011 милиони денари.

Како резултат на горенаведените движења на страна на приходите и трошоците, нето добивката е во висина од 714 милиони денари, што претставува намалување за 26 отсто споредено со истиот период од 2015 година.

Според неревидираните финансиски извештаи, Македонски Телеком на крајот од првите девет месеци од 2016 година успеа да ја одржи водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со удел од 60,5 отсто според интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 12,6 отсто споредено со истиот период од 2015 година, со бројката од 219,6 илјади корисници Македонски Телеком на крајот од првите девет месеци од 2016 година е на лидерската позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Базата на DSL корисници на крајот на првите девет месеци од 2016 година бележи благо зголемување од 0,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 190 илјади корисници, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет изнесува 48,2 отсто, според интерните податоци.

Како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното тв искуство, Македонски Телеком оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно со IPTV услугата. Во првите девет месеци од 2016 година, бројот на MaxTV корисници изнесува 106,7 илјади што претставува зголемување од 6,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Со тоа, Македонски Телеком има 25,7 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.

Приходите од малопродажен интернет и дигиталната телевизија преку интернет протокол на крајот од првите девет месеци од 2016 година се зголемија за 2,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Во мобилниот сегмент, Македонски Телеком има удел од 49,6 отстo, согласно интерната проценка. Базата на претплатници на крајот од првите девет месеци од 2016 година изнесува 1.281 илјади претплатници и е зголемена за 3,7 отсто во однос на истиот период од претходната година кога изнесуваше 1.235 илјади претплатници.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите девет месеци од 2016 година се намалени за 6 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите, намалените приходи од говорен роаминг и од при-пејд, како и помалиот мобилен сообраќај од меѓународни дојдовни повици. Следствено, просечниот приход по корисник е намален за 3,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од неговорни мобилни услуги се зголемени за 17,4 отсто во споредба со претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем податочен сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели. На крајот од првите девет месеци од 2016 година, приходите од системска интеграција и ИТ се зголемени за 8,9 отсто отсто во споредба со истиот период од претходната година, поради зголемените приходи од ИКТ проекти, Cloud Computing услугите и други интегрирани решенија за бизнис корисници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...