Намалени трошоците на животот

Трошоците на животот во декември лани се намалиле за 0,1 отсто, а цените на мало останале на исто ниво во однос на претходниот месец. Трошоците на животот и цените на мало, пак, во 2016 година бележат намалување од 0,2 отсто во споредба со претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година намалување на трошоците на живот е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци и Здравје за 0,4 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,2 и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0,1 отсто. Пораст има во групите: Рекреација и култура за 1,2 отсто, Транспорт за 0,5, Облека и обувки и Останати стоки и услуги за 0,2 и Ресторани и хотели за 0,1 процент. На ниво од претходната година се групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Комуникации и Образование.

Намалување на цените на мало има кај Земјоделски производи за 0,8 отсто, Услуги за 0,3 и Пијалаци за 0,2 отсто. Пораст е забележан кај Индустриско-непрехранбени производи за 0,3 отсто, групата Индустриски прехранбени производи е на ниво од претходната година.
Трошоците на живот во декември лани во споредба со декември 2015 година забележа намалување од 0,2 отсто, а кај цените на мало има пораст од 0,1 отсто.

Кај трошоците на животот во декември 2016 година во однос на претходниот месец има намалување од 0,1 отсто што е резултат на пониските цени на овошјето за 5,9 проценти, рибата и морските плодови и млекото за 0,8, другите прехранбени производи за 0,7, алкохолните пијалаци за 0,6, зеленчукот за 0,5, оризот за 0,4 и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто. Намалување е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 6,5 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 0,4, услугите за рекреација и спорт за 0,3 и лековите за 0,2 отсто.

Пораст има кај другите пекарски производи за 1,2 процента и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 проценти, како и кај туристичките пакет-аранжмани за 4,8 проценти, информатичката опрема за 2,7, течните горива за домаќинствата за 2,5, течните горива и мазива за 1,4, гасот за домаќинствата за 0,9, електричните апарати - мали за домаќинствата за 0,4, облеката, услугите и предметите за лична хигиена за 0,3 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ловат двајца рибари, не им гризе, си муабетат:
- А бе што имам дома жена, ружна, поружна - здравје!
- Немој бе така, жена ти е!
- Што бе жена, да видиш каква е згужвана у...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Ѓавато, како и на патниот правец крак Маврово - Дебар. ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец...
Верски календар
Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус...
На денешен ден
- Македонската православна црква денеска го...
1419.- Во Стогодишната војна меѓу Франција и...
1736.- Во Гринок, Шкотска, е роден Џејмс Ват,...
1747.- Роден е германскиот астроном Јохан Елерт...