Албанските банки освен кредити трансферирале 370 милиони евра

Тирана, 18 февруари 2017 (МИА) - Банките немаат доверба да инвестираат во албанската економија и преферираат своите пари да ги трансферираат надвор од Албанија.

Последните официјални статистички податоци од Централна банка на Албанија покажуваат дека само минатата година банките надвор од земјата трансферирале околу 50 милијарди леки или над 370 милиони евра.

- Ова се само парите пренесени во текот на минатата година, бидејќи вкупната вредност на инвестиците кои банките ги изнеле надвор од земјата достигнува 364,1 милијарди леки или над 2,7 милијарди евра. Ова е 35 проценти од вкупните средства на финансискиот систем и споредено со 2015 година, вкупните инвестиции надвор од земјата се повисоки за 15,3 отсто, пишува весникот „Шќиперија име“.

Според истиот извор, голем дел од парите префрлени во странство се депозити во банки и вложувања во хартии од вредност на странски влади.

- Но, во последните две години албанските банки почнаа да даваат кредити за странски бизниси. Според Централна банката на Албанија, во септември минатата година, кредитите кои албанските банки ги одобриле за странски бизниси достигнале 93,7 милијарди леки, што е 17,2 проценти од вкупните кредити во Албанија, наведува весникот.

Според Централна банка на Албанија, најголемиот дел од овие кредити се дадени за бизнисите во Македонија или Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...