Грција е во рецесиска спирала

Грција има потреба од сериозно преструктурирање на долгот, а, исто така, и од продолжување на реформите, за да не банкротира, соопштија денеска грчките весници, повикувајќи се на привремениот извештај на Бирото за буџет на грчкиот Парламент.

Извештајот е насловен „Замка на долгот“.
Според весникот „Вима“, авторите на извештајот алармирале дека „Грција се наоѓа во замка на една взаемно потхранувана рецесиска спирала заради високиот и неподнослив долг, а, исто така, и заради постојната несигурност поради ниското институционално ниво во земјата".

Од Бирото за буџет повикуваат на значајно преструктурирање на грчкиот долг, предупредувајќи уште дека секое одложување или доцнење, поврзано со преструктурирањето на долгот, може да доведе до полоша ситуација.
Експертите за буџет се категорични дека само преструктурирање на долгот без длабоки промени нема да е доволно за да може Грција да излезе од кризата и дека паралелно со тоа неопходнии се реформи, пишува весникот „Имерисија“.

„Нема никаков сомнеж дека сегашната ситуација на постојано потхранување на земјата со нови кредити води до безизлез и оваа безизлезност не е само за Грција, туку и за нејзините кредитори“, се наведува во извештајот, цитиран од весникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...